Свет

Интернет во колапс: Икс и бројни светски веб-страници не работат поради дефект

Голем дел од интернетот денес престана да работи поради сериозен технички проблем во компанијата Клаудфлер.

Корисниците кои се обидувале да пристапат на сајтови како Икс или филмската платформа Летербокст наидувале на порака за грешка која укажувала дека Клаудфлер има потешкотии и дека страницата не може да се прикаже.

Клаудфлер е една од клучните инфраструктури на современиот интернет – обезбедува заштита од сајбер напади, го забрзува отварањето на веб-страниците и овозможува тие да останат достапни дури и кога имаат огромен број посетители.

„Свесни сме за проблемот и моментално го истражуваме. Можно е да влијае на поголем број на наши корисници. Повеќе информации ќе објавиме веднаш штом бидат достапни“, соопшти компанијата.

Дури и Даун Детектор, сервисот што ја следи работата на интернет платформите, беше погоден од истиот технички проблем. Кога конечно се врати во функција, покажа огромен пораст на пријави.

Корисниците на екраните добиваа порака за „внатрешна грешка на серверот на Клаудфлер мрежата“, со препорака да се обидат повторно за неколку минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons