Инспектори на Финансиската полиција влегоа во прилепската болница
Инспектори на Финансиската полиција вршат контрола на финансиското работење во прилепската болница за последните неколку години.
Според Кире Јоноски, директор на болницата, контролата почнала вчера.
„Финансиската полиција го испитува работењето на болницата во последните години. Како ново раководство укажавме на одредени финансиски нелогичности. Контролата почна вчера“, потврди за МИА директорот Јоноски.
Проверката на финансиската полиција е во фаза на предистрага.