Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите
Што сè можете да посетите во Турција?
Замокот Ризе
Градот Ризе се наоѓа во регионот на Црното Море и се смета за главен град на истоимената провинција.
Иако самиот град не е премногу импресивен, планината над него и замокот Ризе изгледаат неверојатно, без оглед дали е лето и сè е разеленето, или е зима и целата околина е покриена со снег.
Овој замок е изграден во византискиот период, помеѓу 527-565 година.
Планината Нертмут
Позната е по огромните статуи изработени ви првиот век пред нашата ера, во времето на кралот Антиохиј.
Статуите се високи и до 9 метри.
Денес овој комплекс статуи е на списокот на УНЕСКО, на листата културно наследство.
Античкиот град Пергамон
Овој историски локалитет се наоѓа во близина на Егејското море и градот Бергама.
Во античко време бил главен град на кралството Пергамон (281-133 година п.н.е) и шетајќи низ локалитетот ќе го почувствувате големото влијание на хеленистичката историја.
Од 2014 година, овој град е под заштита на УНЕСКО.
Тројанскиот коњ во Чанаккале
Градот во кој се одиграла тројанската битка е место каде што може да видите остатоци од античкиот град Троја.
Во чест на славната битка и историјата која и денес се раскажува, на пристаништето во градот е поставен Тројански коњ, истиот оној што беше користен за снимањето на филмот во 2004 година.