Илон Маск по 14-ти пат стана татко
Извршниот директор на Тесла и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, милијардерот Илон Маск, доби уште еден син, неговото четиринаесетто дете.
Маск доби син со Шивон Зилис, извршната директорка на неговата компанија Неуралинк, со кој веќе има три деца, објави Ројтерс.
„Разговаравме со Илон и, во светлината на прекрасната роденденска прослава на Аркадија, почувствувавме дека е најдобро директно да ја споделиме веста за нашиот прекрасен и неверојатен син, Селдон Ликургус“, напиша Зилис на X.
Шивон Зилис објави дека има дете со Маск само две недели откако писателката Ешли Сент Клер објави дека неодамна имала дете со Маск.
Илон Маск досега имал вкупно 13 деца со различни партнерки. Милијардерот и претприемач првпат стана татко во 2002 година додека беше во брак со канадската писателка Џастин Вилсон. Нивниот син Невада Александар за жал почина по само 10 недели. Парот потоа ги доби близнаците Вивијан и Грифин кои сега имаат 21 година, како и тројката Каи, Саксон и Демијан, кои имаат 18 години. Од врската со пејачката Грајмс, Маск доби син со необичното име X Æ A-12, кој сега има четири години, а Маск во последно време често се појавува во јавноста со него.
Маск и пејачката се разведоа во 2022 година, а заедно имаат уште две деца – Екса Дарк Сидерел, која има три години, и синот Техно Механикус, кој има две години.