Свет

Илон Маск откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе на светот

Илон Маск, еден од најпознатите милијардери и сопственик на платформата Икс (поранешен Твитер), беше гостин во поткастот на републиканскиот политичар Тед Круз, каде откри кои според него се тројцата најпаметни луѓе во светот. Иако често предизвикува контроверзии, овој пат Маск го сподели своето мислење за луѓето на кои многу им се восхитува поради нивната интелигенција и влијание во светот на технологијата и бизнисот, пишува „Економик Тајмс“ (The Economic Times).

Маск ги наведе следните имиња: Лери Елисон – ко-основач на „Орикл“ (Oracle) и поранешен член на одборот на директори на „Тесла“, Лери Пејџ – ко-основач на „Гугл“ и Џеф Безос – основач на „Амазон“ и вселенската компанија „Блу Ориџин“ (Blue Origin).

Зборувајќи за Елисон, кој беше член на одборот на „Тесла“ помеѓу 2018 и 2022 година, Маск го опиша како „еден од најпаметните луѓе што ги познава“. Покрај деловната соработка, Елисон, наводно, инвестирал и 1 милион долари за да му помогне на Маск да ја преземе платформата Икс во 2022 година.

За Лери Пејџ, Маск рече дека неговиот успех и претворањето на „Гугл“ во глобален технолошки гигант се директен резултат на неговата исклучителна интелигенција. „Паметен човек е оној кој прави паметни работи“, коментира Маск. Иако претходно беа блиски пријатели, нивната врска се залади поради несогласувањата околу развојот на вештачката интелигенција, пишуваат странските медиуми.

Трет на листата е Џеф Безос, со кого Маск има долга историја на ривалство, особено кога станува збор за вселенската индустрија. Но, тој исто така го пофали: „Џеф Безос се соочи со многу сложени и значајни предизвици“, рече Маск, мислејќи и на неговата работа со „Блу Ориџин“ .

Иако се натпреваруваа со години, особено во трката за освојување на вселената, Маск сподели мим на почетокот на оваа година што сугерираше дека тензиите меѓу него и Безос почнуваат да се намалуваат. Ова ги поттикна шпекулациите дека врската меѓу двајцата милијардери можеби се подобрува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons