Илина и Ева освоија злато и сребро! Македонските девојчиња продолжуваат со успех во Германија
Македонските девојчиња Илина(18) и Ева(15) Соколовски повторно се закирија со злато и сребро на натпреварите по ритмичка гимнастика во Германија.
Илина освои злато, додека Ева сребро на традиционалниот натпревар, што се одржаа во Гутерслох пред две недели и се квалификуваа нa републичкиот натпревар, што пред неколку дена се одржа во Боркен, каде Илина освои сребро, а Ева со тимот го освои првото место. Двете од овој натпревар се квалификуваа на големото германско финале, кое ќе се одржи во Лајпцих во мај.

Но, последните информации кои доаѓаат од Германија се дека Илина викендов повторно освои злато, односно победи на традиционалнио куп турнир во Бохум.

Витрините на овие две талентирани девојчиња се полни со пехари и медаљи иако со своите 18 години Илина веќе се натпреварува во сениорка конкуренција, додека Ева е во јуниорската конкуренција со најдобрите 35 гимнастичарки во Германија.