Свет

Израел нема да се повлече од стратешкиот коридор Филаделфија во Појасот Газа 

Израел нема да се повлече од стратешкиот коридор во Појасот Газа, како што е предвидено во примирјето, изјави официјален претставник, пренесуваат агенциите.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека израелските сили мора да останат во таканаречениот коридор Филаделфија, на страната на Газа покрај границата со Египет, за да го спречат шверцот на оружје.

Изјавата дојде неколку часа откако Хамас ги предаде останките на четворица заложници во замена за повеќе од 600 палестински затвореници, во последната планирана размена на првата фаза од примирјето, која завршува викендов.

Преговорите за втората, потешка фаза се уште не се започнати

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons