Израелските сили почнаа со повлекување од Газа
Имено, според договорот, израелската војска треба во рок од 24 часа да се повлече до „иницијална линија на повлекување“. Радиото на Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека проценките се дека трупите ќе стигнат до одредените позиции до денеска напладне по локално време (11 часот според средноевропско време).
Потоа, Хамас ќе има 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници, додека Израел во замена треба да ослободи стотици палестински притвореници.
Радиото на Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека проценките се дека трупите ќе стигнат до позициите одредени со договорот до денеска напладне по локално време (11 часот според средноевропско време)
Во Газа треба да стапи во сила прекинот на огнот, откако израелската влада соопшти дека го одборила договорот со Хамас, кој предвидува ослободување на заложниците што милитантната група сè уште ги држи во Појасот.
Жители на Газа за Би-би-си изјавиле дека израелските трупе почнале да се повлекуваат од делови на Појасот.
Израелските медиуми, исто така, објавија дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнале да се повлекуваат во делови од територијата.
Портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер изјави дека војниците ќе се повлечат до точка каде што ќе имаат 53 проценти контрола врз Газа. Американскиот претседател, Доналд Трамп, , исто така, објави дека војниците ќе се повлечат „до договорена линија“.
Имено, според договорот, израелската војска треба во рок од 24 часа да се повлече до „иницијална линија на повлекување“. Радиото на Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека проценките се дека трупите ќе стигнат до одредените позиции до денеска напладне по локално време (11 часот според средноевропско време).
Потоа, Хамас ќе има 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници, додека Израел во замена треба да ослободи стотици палестински притвореници.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера од состанокот во Белата куќа изјави дека ослободувањето на заложниците се очекува да се случи во понеделник или вторник, следната недела.
Во меѓувреме, откако договорот ќе стапи во сила, камионите со помош ќе се упатат кон Газа, каде живеат два милиони луѓе, исцрпени од двегодишната војна, од кои повеќето се раселени.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) соопшти дека е подготвен да го поддржи договорот со тоа што ќе помогне „да се вратат заложниците и притворените во нивните семејства“.
Во соопштението се вели дека неговите тимови во Газа, Израел и Западниот Брег се „исто така подготвени да помогнат во враќањето на човечките останки за семејствата да можат достоинствено да ги оплакуваат своите најблиски“.
ОД МКЦК, исто така, најавуваат дека ќе испорачаат и ќе дистрибуираат помош во Газа.