Излезеноста до 13 часот е 18%
Државната изборна комисија денеска на прес конференција посочи дека излезеноста до 13 часот e 18%. За градоначалник на Град Скопје пак, излезеноста е 15,28%, односно гласале 71.849 гласачи.
Во првиот круг од изборите бројката изнесуваше 20,07%, а вкупно гласале 365.977 граѓани.



