Издадени 390 одобренија за градба во јануари, за 50,6 отсто повеќе од лани
Во јануари годинава се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 706 874 илјади денари, што е за 33,6 проценти повеќе од лани.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (43,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 131 (33,6 проценти) за објекти од нискоградба и 90 (23,1 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 390 објекти, на 182 (46,7 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 208 (53,3 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.