Изгореа дваесетина хектари шума и трева во пожар кај Старо Нагоричане
Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане.
„Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума-изјави командирот на ТППЕ“, Далибор Трајковски.
Полицијата пред неколку денови уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот.
Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на противпожарната единица.



