Изгласан новиот Изборен законик: Ќе се гласа и со „невалидни“ документи
Пратениците со 84 гласа „за“ го изгласаа Изборниот законик, со што на престојните парламентарни и претседателски избори ќе може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи, односно оние кои не ги промениле со новотоуставно име.
Според новиот Изборен законик, на изборите ќе може да се гласа со истечена лична карта или пасош но не повеќе од девет месеци пред изборите.
Како што пишува во еден од членовите, ова правило ќе важи само за овие парламентарни и претседателски избори.
Измените беа поднесени од кординаторите на пратеничките групи СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса за Албанците.