МакедонијаНајново

Изгласани законските измени: Бесплатно ин-витро до шест пати 

Собранието го изгласа новото законско решение за измена на “Законот за здравствено осигурување”, кое овозможува секое семејство да има пристап до ин витро оплодување до шест пати, со целосно покривање на трошоците од страна на Фондот за здравствено осигурување.
Ова беше една од мерките за зголемување на наталитетот на Владата, а претходно само првите три обиди за ин витро беа покривани од држават. Во законските измени има и нови процедури, кои според владеачкото мнозинство, треба да го поедностават барањето.Правото го има секоја жена без разлика на имотната состојва и бројот на деца. Со измените, како што беше најавено, ќе се направи и вклучување разни типови на БПО-процедури, вклучително и со сопствени (автологни) репродуктивни клетки и со донорски (алогенеични) ембриони, јајце-клетки или сперма.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons