Македонија

Извлечени три тела од автомобилот кој излета во Вардар 

Автомобилот кој попладнево излета во водите на Вардар во близина на Рашче е извлечен од реката.

-Од возилото се извадени телата на три лица. Потрагата по можно четврто исчезнато лице продолжува, информира вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Припадници на специјалната полициска единица „Тигар“, полициски службеници, Итна медицинска помош и јавен обвинител се на местото каде попладнево автомобил излета во водите во Вардар.

Од полицијата информираат дека пријавата ја добиле во 16 часот, дека на локалниот пат за с.Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Во 18 часот од ГОБ “Св. Наум Охридски” полицијата била известена дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons