Извлечени се двојките за фудбалскиот Куп на Македонија
Денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одржа и извлекувањето за 1/16 финалето од Купот на Македонија.
Во првото коло нема да играат Вардар и Струга, тие како финалисти обезбедуваат директен пласман во осминафиналето.
Извлечени се 14 парови, но ќе се играат 13 натпревари бидејќи Пчиња се падна со Беса која се откажа од натпреварувањето.
Парови за првото коло на Купот:
Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица
Шкендија Арачиново – Каменица Саса
Беласица – Арсими
Јени Маале – Шкендија
Карбинци – Работнички
Евротип – Силекс
Победа Валандово – Брегалница
Тетекс – Пелистер
ГФК Охрид Лихнидост – Брера
Љуботен – Македонија ЃП
Скопје – Тиквеш
Кожуф – Шкупи
Победа – Башкими 1947
Пчиња – слободна поради откажувањето на Беса
Првата рунда од Купот на Македонија се игра кон крајот на август.