Изваден 55 годишен маж од водите на реката Вардар
На 23.05.2022 во 15,18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот помеѓу МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден К.В. (55) од Скопје кој бил во контактибилна состојба и истиот е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на случајот.