НајновоСпорт

Ивановски со победа во маратонски меч се избори за пласман на главниот турнир во Романија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со победата над Романецот Дан Томеску (24 години, 692 место на АТП) од 2-0 во сетови (76(9) 76(5)) успеа да избори пласман на главниот турнир на Челинџерот 100 што се игра во романскиот град Јаши. Ова за Ивановски со вчерашната победа над Брендон Волкин од Австралија се првите две победи на турнири од рангот на Челинџер. Во денешниот исцрпувачки меч нашиот тенисер победи по 2 часа и 50 минути игра.

Во првиот сет има по еден брејк за двајцата тенисери. Томеску поведе со 2:0 во гемови откако направи брејк на првиот сервис на Ивановски, но македонскиот тенисер веднаш направи ри-брејк и потоа до крајот на сетот тенисерите го освојуваа гемот на свој сервис, притоа во 10.тиот гем Ивановски спаси три сет топки. Возбудувањата продолжија и во тај брејкот. Ивановски поведе со 5:1, но потоа следуваа четири поени за ривалот за 5:5. Во продолжението на тај брекот македонскиот тенисер секогаш имаше предност од поен, а по 9:9 успеа да освои два и тај брејкот да го заврши со 11-9 за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет до 3:2 за Ивановски двајцата тенисери го освојуваа гемот на свој сервис, но потпа следуваа четири брејка. Најпрвин Ивановски поведе со 4:2, а потоа и сервисраше при 5:3, но Томеску успеа да се врати и да изедначи на 5:5. Возбудливо беше и во тај брекот од вториот сет. Ивановски поведе со 2:1, но Томеску направи серија од четири поени и поведе со 5:2. Но, потоа следуваше серија од пет поени на Ивановски за конечен триумф и пласман на главниот турнир.

Кој ќе биде противникот на Ивановски ќе се знае подоцна откако ќе завршат сите мечеви од второто финално коло од квалификациите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons