Зима во рана пролет: Измерени -12 степени на Попова Шапка утрово
Утрово на Попова биле измерени минус 12 степени, што е најминимална температура во Македонија.
Минусни температури имаше и во Крушево (-6), исто и во Маврово, Охрид, Пожаране, додека -5 беше во Тетово, а во Претор, Битола и Тополчани беа измерени -4 степени.
Најтопло утрово беше во Гевгелија каде беа измерени 5 степени во 8 часот.
Најмногу снег изминатото деноноќие наврна во Крушево (24 сантиметри), потоа во Охрид (18 сантиметри), Тетово 5 сантиметри, Претор 7 сантиметри, Битола 22 сантиметри и Прилеп 1 сантиметар.