Спорт

Зидан му се враќа на фудбалот, седнува на столчето кое најмногу го посакуваше 

Информациите од Франција велат дека легендарниот Зинедин Зидан ќе му се врати на фудбалот, ќе стане селектор на француската репрезентација.

По заминувањето од Реал Мадрид, Зидан доби многу понуди, но сите ги одбиваше, негова цел беше само да стане селектор на Франција, да го наследи Дидие Дешам кој долги години ја држи таа позиција.

„Тренерот е на свое место, има екипа и сето тоа треба да го почитуваме. Секогаш го почитував фудбалот и луѓето, па така ова не е витински момент. Но кога ќе дојде тој момент, ќе ми биде задоволство, ако добијам шанса. Паузирав во својата кариера одедено време, но и понатаму се чувствувам како тренер“, изјави Зидан неодамна.

Сега, водителот на емисијата „Афтер Фут“ на радиото „РМЦ“, Жилбер Брисбоа тврди дека Зидан ќе ја преземе клупата на репрезентацијата, по Светското првентво.

„Дидие Дешам заминува во 2026 година. За една година ќе го имаме Зидан! Каква радост! Готово, одлучено е“, изјави Брисбоа.

Овие зборови на водителот силно одекнаа низ Франција и Шпанија, како завршена работа го претсавуваат враќањето на Зидан, но ќе мора да почека уште една година до завршувањето на Светското првенство.

Фото: EPA Photo

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons