Земјотрес ја стресе Македонија пред неколку минути
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 17 минути во западните делови на Републиката, беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Р. Грција, на околу 200 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0
Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала.



