Земјотрес регистриран во Македонија
Земјотрес со јачина од 2 степени ја стресе Македонија денеска во 11:08 часот.
Епицентарот на земјотресот е на 16.7 километри од Струмица.
Според податоците од Центарот за сеизмолошки истражувања, земјотресот бил со длабочина од 5 километри.
Засега нема пријавени материјални штети или повредени лица.