Актуелно

Земјотрес рано утрово го стресе Скопје

Земјотрес со локална магнитуда од 3,4 Рихтерови степени со епицентар во скопското подрачје ноќеска во 2,02 часот регистрирала Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, информираше Сеизмолошката опсерваторија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons