Актуелно

Земјотрес почувствуван во беровско-делчевскиот крај 

Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала во 9.31 часот е регистриран во Бугарија, на 11 километри од Благоевград, јавија странски интернет сајтови специјализирани за следење на земјотреси во целиот свет. Според јавувањето по социјалните мрежи, потресот го почувствуваа жителите на делчевско – пехчевскиот регион, во беровско, како и со помал интензитет во регионот на Кочани и во други населени места во источниот дел од Македонија.

Потресот траел само петнаесетина секунди и според силата не би требало да предизвика штети.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потоа соопшти дека земјотестот е почувствуван изутрината во 9 часот и 31 минути во Делчево, Тработивиште и околината, а дека епицентарот на земјотресот бил на 140 километри источно од Скопје во соседна Бугарија, со локална Рихтерова магнитуда ML3.3.

д

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons