Македонија

Земјотрес вечерва почувствуван во Скопје 

Земјотрес вечерва беше почуствуван во Скопје, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет. 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата држава, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons