МакедонијаНајново

Земјоделците бараат помош за набавка на поевтини репроматеријали 

Државата да најде начин како да се обезбедат репроматеријали по пониски цени, бараат од синдикатот на земјоделски производители од струмичко. Во спротивно,  високите производствени трошоци кои годинава се зголемиле и за 100% можело да бидат причина за дополнително намалување и на површините и на  производството. Свесни се  за економската  и енергетска криза, но велат дека земјоделскиот сектор е една од најзначајните економски гранки во државата и затоа е неопходна поголема помош.

Со сличен став се и од здружението Кукла градинар од Куклиш. Не го негираат фактот дека добиваат зелена нафта и субвенции за вештачки ѓубрива, но велат дека тоа не е доволно за стимулација и зголемување на површините.

За надминување на проблемите во секторот, но и мотивација за зголемување на производството на храна според претставниците на земјоделците неопходна е и поинтензивна комуникација помеѓу сите чинители кои се директно вклучени во овој синџир, од производители, преку државни институции до преработувачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons