Зеленски по средбата со Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир
-Ги цениме вниманието и подготвеноста да помогнете да се приближи мирот, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека имал „долга и суштинска средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп.
-Ги опфативме сите навистина важни прашања“, напиша тој, изразувајќи благодарност до „претседателот и до Соединетите Држави.
Зеленски информира дека разговарале за тоа „како да се постигне прекин на огнот и вистински мир“ и „како да се заштити украинскиот народ“.
-Ги цениме вниманието и подготвеноста да помогнете да се приближи мирот, нагласи Зеленски.
Тој најави дека подоцна ќе следат детали за средбата. (МИА)