Зеленски: Макрон се плаши од Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за списанието Економист ги коментираше земјите кои помагаат и оние за кои смета дека не и помагаат на Украина во борбата против Русија.
Тој остро го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.
– Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат, истакна Зеленски.
Тој го пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивниот одговор на руската инвазијаblob:https://objektivno24.mk/34ebe915-602a-4a95-93b6-307d8f9b0228
– Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе. Лидерите на земјите реагираат според тоа како постапуваат нивните избирачи. Во овој случај Џонсон е пример. Британија дефинитивно е на наша страна. Таа не прави баланс. Британија не гледа алтернатива за излез од ситуацијата. Британија сака Украина да победи, а Русија да загуби, но не сум подготвен да кажам дали Британија сака да биде вовлечена во војна или не, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека „Германија се обидува да биде балансирана“.