Свет

Зеленски ги повика партнерите да распоредат војници во Украина 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека распоредувањето на воени контингенти на партнерските земји во Украина е едно од најдобрите алатки за принудување на Русија на мир.

„Минатата година Франција ја промовираше идејата за распоредување на контингент партнери во Украина за да се донесе мир. На сите им е јасно – до ден денес сите цели на рускиот претседател Владимир Путин останаа исти – истакна Зеленски.

„Тој сака целосно да ја уништи Украина и да не скрши сите нас, и затоа нашата цел е да најдеме што е можно повеќе средства за да ја принудиме Русија на мир“, рече тој на отворањето на 25-тиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, пренесува Укринформ.

Зеленски посочи дека има позитивни сигнали од некои партнери на овој план, особено од Обединетото Кралство.

„Треба да понудиме навистина силни алатки“, нагласи украинскиот лидер.

Тој додаде дека е убеден дека контраофанзивната операција на украинските одбранбени сили во областа Курск во Русија е една од најголемите победи на Украина од почетокот на војната од целосен обем.

„На пример операцијата Курск. Ова е една од нашите најголеми победи, не само минатата година, туку и за време на војната. Русија мораше да повлече речиси 60.000 војници од украинскиот фронт за да одговори на тоа“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските војници држат тампон зона на руска територија веќе пет месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons