Зеленски: Ако падне Бахмут, ке бидеме принудени да направиме компромис со Русија
Ако падне Бахмут, ќе бидеме принудени да направиме компромис со Русија оцени украинскиот претседател во интервју за Асошијтед прес.
Според Володимир Зеленски падот на Бахмут ќе претставува политички пораз за Киев и многу ќе влијае врз расположението на украински војници. Битката за тој град трае се месеци.
Украинскиот претседател во интевјуто упати порака до кинескиот претседател Си Џинпинг да дојде во Украина. Џинпинг не разговрал со Зеленски од почетокот на на руската инвазија на Украина во февруари мината година, но Кина неодамна објави план од 12 точки за политичко решение за војната.
Нови лажни дојави за подметнати бомби утрово испразнија 35 училишта во Софија. Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека во полициската истрага не се пронајдени експлозивни направи во училиштата кои утрово добиле закачувачка електронска пошта. Дојавите за бомби во училиштата во Бугарија зачестија од понеделникот.
Во Бугарија на 2 април треба да се одржат парламентарни избори, а гласањето главно се одвива во училиштата. Во моментов нема реални закани ниту за образовниот систем , ниту за изборите изјави претседателот Радев.
– Такви закани има не само во Бугарија, туку и во Европа и во САД.
„Агенциите за спроведување на законот заедно со партнерските служби прават се за да ги идентификуваат изворите на овие закани и да ги неутрализираат. Во моментов нема реални закани ниту за образовниот систем, ниту за изборите. Сè додека не стане јасно од каде потекнуваат овие закани, не може со сигурност да се каже дали доаѓаат од Русија. станува збор за хибридни напади без реална закана од бомбашки напади вели Радев.
Дојави за поставени бомби денеска добија и Агрономскиот и Техничкиот факултет во спрскиот град Чачак. Студентите и вработените беа евакуирани, а по извршените проверски полицијата утврди дека дојавите се лажни.
Португалската Влада објави список од 44 основни производи, меѓу кои млеко, леб, ориз, домати и некои видови месо и риба чиј ДДВ од 6 отсто ќе биде привремено отстранет.
Мерката ќе трае шест месеци изјави премиерот Антонио Кошта. Новата мерка не ги имеприсионираше португалците . Велат дека Владата не им помага доволно за да се справат со високите трошоци за живот.