Зградите на двата факултета кај УКИМ и по шест години се карабини
Шест години поминаа откако почнаа да се градат, но на местото каде што требаше да никнат факултетите за физичка култура и за информатички технологии и натаму има само карабини.
Надлежното министерство не кажува кои с еплановите, освен дека комисија утврдила дека премногу е скапо, двете згради да се градат во барокен стил. Досега се потрошени три милиони евра.
Министерството за образование и наука молчи кога ќе се доизградат двата објекти во кампусот на УКИМ. Зградите на Факултетот за физичка култура и Факултетот за информатички технологии почнаа да се градат пред шест години. На терен три години нема градежни активности, туку останаа да зјаат карабините.
Оваа е состојбата по пропаѓањето на фирмата која требаше да ги изгради, штипски Бетон. Министерството за образование и по повеќе од десет дена, не одговори на прашањето на Алсат.
Последно, во април за емисијата „360 степени“ која се емитува на Алсат МОН најави дека се прави нова проценка за доизградбата на Факултетите. Министерството проценило дека барокот е прескап во економска криза и дека треба да се најде друго решение за фасадата.
Но, иако беше најавена тендерска постапка за тоа како да изгледаат двата факултета, МОН сè уште нема избрано фирма за тоа.
„Барокниот стил се надзира од недоизградените објекти во кампусот на УКИМ. МОН кое е надлежна институција за изградбата, не знае дали и кога факултетите за физичка култура и информатичка технологија ќе го добијат својот финален лик“, рече Игор Стефановски, новинар.
За овие два објекта досега се потрошени 3,3 милиони евра. Лани за доизградбата на ФИНКИ и ДИФ, биле издвоени околу 300 000 евра, а годинава сумата се намали на 30 000 евра.
Со овие пари може само да се тргне баркониот стил, но не и да се продолжи доизградбата на факултетите.
alsat.mk