Актуелно

Зголемена квотата за работни дозволи за странци на последната владина седница 

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска на состанокот со претставници на Делегацијата на германското стопанство (АХК) пред германските инвеститори откри дека Владата на последната седница ја зголемила квотата за работни дозволи на странци од 5.000 на 7.000.

„Со цел олеснување  на пристапот на домашните и странските компании во земјава до квалификувана работна сила која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, рекол Битиќи пред претставниците на германските компании.

Либерализацијата на пазарот на работна сила била една од темите за која станало збор на работниот состанок со претставниците на дел од германските компании кои имаат инвестирано во земјава, вицепремиерот рекол дека ваквата одлука е донесена и на барање на домашните компании.
На средбата било заклучено дека и понатаму ќе се води дијалог за олеснување на достапноста на квалификувана работна сила и олеснување на процедурите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons