Актуелно

За 24 часа фатени седум возачи кои возеле без возачка дозвола – ќе одговараат кривично

Во изминатите 24 часа фатени седум возачи кои управувале возила без возачка дозвола.

Како што информираат од МВР, ноќеска (07.02.2026) во 02:10 часот на булевар „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.И.(30) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.И., при што било констатирано дека Д.И. не поседува возачка дозвола.

Утрово во 04:30 часот на бул.„1 Мај“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 17- годишник од Битола, бидејќи бил затекнат како управува патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.

Синоќа (06.02.2026) во 20:45 часот на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Д.И.(20) од село Возарци, кавадаречко. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.И., при што било констатирано дека возилото го управувал без да поседува возачка дозвола.

Исто така синоќа во 21:50 часот, на улица „Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Г.(30) од Скопје. При контрола во сообраќајот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Г., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Вчера во 12:05 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.К.(54) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „матиз“ со велешки регистарски ознаки, што го управувал С.К., при што било констатирано дека возилото го управува без да поседува возачка дозвола.

Исто така вчера во 19:40 часот, на магистрален пат Езеро Младост- Велес, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишија од слобода Д.Ѓ.(22) од Велес. При контрола на патниот сообраќај било сопрено патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ѓ., при што било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола.

Во текот на вчерашниот ден во Богданци полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Џ.А.(36) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај на ул. „Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.А.. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

По добиени насоки на јавен обвинител, возилaта се одземени, а по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави, посочија од МВР.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons