За шест часа казнети 173 пијани возачи
Во текот на изминатата вечер во периодот од 22 часот до 4 часот наутро спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 173 возачи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од нив, како што посочуваат од МВР, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Велес…
Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.