ЗА УБИСТВОТО ВО БАТИНЦИ: Полицијата го откри мотивот
Полицијата ја откри причината за убиството на влезот од скопското село Батинци кое се случи вчера, а каде загина 50-годишниот А.М. откако во него пукал Џ.М., осомничен дека делото го сторил од одмазда поради одбиван предлог за брак.
Според информациите од полицијата, инцидентот е пријавен во 10:15 часот, а жртвата веднаш е пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што околу 11:00 часот починал.
Потресни детали открива ќерката на убиениот, 20-годишната Е.М., која изјавила дека, заедно со нејзиниот татко, биле на Клиниката за неврологија. Таму се обидел да стапи во контакт со неа Џ.М., кој во изминатиот период ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Девојката одбила да комуницира, по што тој го извршил убиството.
„Кога тргнале кон домот во с. Батинци, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ.М. и пукал кон А.М.“, информираат од полицијата.
Случајот се води како убиство со сомневање за семејно/родово мотивирана омраза, а надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на околностите и утврдување на мотивите.