Актуелно

За тероризам ќе се гони лицето што се закануваше со подметната бомба во авионот од Скопје кон Анталија 

Основното јавно обвинителство ГОКК отвори истрага против лице осомничено за кривично дело тероризам, откако на 16. август преку бројот за итни повици 192 упатило лажна закана за поставена бомба во авион на релација Скопје–Анталија.

По добиената дојава, веднаш биле активирани антитерористичките протоколи и извршена повеќечасовна проверка, со која било утврдено дека станува збор за лажна пријава. Инцидентот предизвикал чувство на страв кај патниците и сериозно го нарушил воздушниот сообраќај. 

За обвинетиот е одобрен 30 дневен притвор. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons