МакедонијаНајново

За самитот на ОБСЕ во Скопје МНР ќе плати 960 илјади евра за превоз на ВИП гостите 

960 илјади евра македонското Министерство за надворешни работи ќе потроши за изнајмување возила за министрите и делегациите на нивните земји, членки на ОБСЕ. Во декември во Скопје ќе се одржи самит на ОБСЕ. Тендерот е завршен, а два договори се веќе склучени со компанијата „АБЦ рент а кар турс“ ДООЕЛ Скопје. 

Со ОБСЕ годинава претседава македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Првиот договро е потпишан на 56.640.000 денари или околу 920 илјади евра за четири месеци. Вториот договор е на сума од 2.360.000 денари или околу 38 илјади евра за период од една година за редовни потреби на МНР.

Компанијата „АБЦ рент а кар“ треба да изнајми 175 возила (ВИП возила со минимална ширина 1.820 см, минимална должина 4.767 см, со запремнина од 1.600 кубика, задолжително црна боја, мини ванови, минибуси, еден автобус…).

х

„Возилата треба да бидат во техничка исправна состојба, со репрезентативен ентериер и екстериер и со полн резервоар гориво. Изминатата километража на ВИП патничките автомобили на денот на примопредавање (24 ноември 2023) не смее да биде поголема од 200.000 километри“, пишува во договорот на набавка.

На конференцијата на ОБСЕ во Скопје најавено е дека ќе допатуваат 70 министри.

За овој самит МНР веќе потпиша договор и со компанијата „Еуровиа“ од Тетово вреден 1,8 милиони евра за реконструкција и прилагодување на спортската сала „Борис Трајковски“ за потребите на конференцијата. Инаку компанијата „Еуровиа“ е спонзор на ДУИ, партијата чиј портпарол е токму Бујар Османи. Овој податок предизвика бурни реакции во јавноста, но реконструкцијата на спортскиот центар е веќе во тек.

За самитот е ангажирана и агенцијата „Рејтинг“ за 120.000 евра. Вкупно, предводено е самиот да го чини македонскиот буџет околу пет милиони евра (заедно со хотелското сместување на министрите и делегациите).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons