Актуелно

За два дена 1.452 казни за сообраќајни прекршоци, 258 за брзо возење

На подрачјата на сите осум сектори за внатрешни работи во текот на изминатите два дена (6 и 7 мај) полициските службеници издадоа вкупно 1.452 платни налози по преземени мерки особено по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ).

Најголемиот број изречени прекршоци од страна на возачите – 436 се однесуваат на непрописно паркирање, а 258 се однесуваат на непочитување на брзината на движење.
За непоседување на возачка дозвола изречени се 132 санкции, 162 мерки за некористење на сигурносен појас, како и 44 прекршоци за возачите на мотоцикл за неносење на заштитна кацига. Следат 85 прекршоци за користење на мобилен телефон при возење, како и 11 прекршоци што ги сториле пешаците.
Во рамки на контролите, исто така во четири случаи евидентирано е минување на возило на црвено светло, 21 возач управувал возило со недозволено ниво на алкохол во крвта, а евидентирани се и 15 прекршоци за нерегистирани возила и за техничка неисправност согласно Законот за возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons