ЗА ВИКЕНДОТ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ, А ПОТОА НОВО ЗАЛАДУВАЊЕ: Долг период со поројни дождови, ветер и град
Под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на викендот температурите краткотрајно, но значително ќе се покачат и истите речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат и до рано – летни 28 степени.
Денеска времето ќе биде значително постабилно и со повеќе сонце, но однедела попладне, па во текот на следната седмица влегуваме во нов долг период на нестабилно време со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на краткотрајно невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на ситен град. Температурите следната седмица повторно значително ќе се намалат, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.
Во текот на следната седмица температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, а ќе има денови и со уште пониски температури, кога истите ќе бидат значително под просекот за месец мај.
Во Скопје во следните денови температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени, а во текот на следната седмица истите позначително ќе се намалат (под 20 степени) а ќе има и почести врнежи од дожд.