Спорт

Заштитата од местење на натпревари е една од важните обврски во ФФМ 

Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е насочена кон откривање и заштита на еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал – местењето на натпревари. Ризик кој влијае негативно, а зазема се поголема сила во светот на фудбалската игра.

Оттука, ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет преку низа кампањи, семинари и предавања ги охрабрува луѓето кои се вклучени фудбалот да зборуваат против местење на натпревари и да ја подигнат свеста преку доверливите платформи за известување на ФФМ, УЕФА и ФИФА.

Во однос на ова прашање, нашата едерација презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари.

Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра.

Сите во фудбалот кои на било каков начин доаѓаат во ситуација поврзана со местењето на натпревари треба да се спротивстават и да пријават каков било пристап со можност да се „намести” натпревар преку доверливи платформи за известување.

Во 2021/2022, Комисијата за безбедност и интегритет при ФФМ организираше десетина едукативни семинари, обуки и предавања за заштита од местење на натпревари. Беа опфатени сите национални репрезентации, како и судиите и контролори во МФЛ.

Целта на предавањата е да им се даде важна информација на фудбалерите, судиите и останатите учесници во фудбалската игра за начинот на кој функционира целиот систем и процес на местење на натпревари, големото негативно влијание врз фудбалот, како и откривањето и превенцијата од него.

– Активностите кои ги реализиравме во оваа насока, ни даваат за право да веруваме дека заедно и конструктивно можеме да ги решаваме предизвиците и дека нашите заеднички предлози и насоките кои ги добиваме од УЕФА и ФИФА во однос на ова прашање, фудбалерите, судиите, но и сите останати кои се поврзани со фудбалската игра, ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Верувам дека со спроведувањето на низата семинари помогнавме разменувајќи искуство и знаење и дека пронајдовме најдобри методи за заштита од местење на натпревари. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество, изјави Роберт Марковиќ од одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons