Магазин

Заштедете 400 денари и направите Дубаи чоколадо сами: Светот полуде по него, а многу лесно се приготвува!

Дубаи чоколадото е популарен десерт што ги освои срцата на сладокусците ширум светот, благодарение на својата богата текстура и совршениот спој на ‘фстак, чоколадо и кадаиф. Благодарение на виралните рецепти на ТикТок, овој десерт лесно можете да го приготвите дома и да уживате во секое залаче.

Состојки:
  • околу 200 г крем од ‘фстаци
  • 2 млечни чоколади по 300 г
  • 50 г путер
  • кадаиф (тенко расучено тесто или готов кадаиф од продавница)
Приготвување:

Кадаиф – Најпрво, ситно исечкајте го кадаифот или скршете го со раце за да добиете мали парчиња. Стопете путер во тавче на тивок оган. Додајте го иситнетиот кадаиф и пржете го додека стане крцкав и додека добие златнокафена боја. По пржењето, тргнете го од оган и додајте неколку лажици крем од ‘фстак, па сето тоа добро измешајте го додека се соединат состојките во компактна смеса.

Чоколадо – Стопете млечно чоколадо на пареа или во микробранова печка, притоа внимавајте да не се прегрее. Половина од стопеното чоколадо сипете го во калап (може да биде правоаголен или кружен), рамномерно распоредете го на дното и ставете го во фрижидер да се стегне.

Склопување на десертот – Кога долниот слој на чоколадото ќе се стегне, извадете го калапот од фрижидерот и нанесете ја смесата од кадаиф и ‘фстак преку чоколадото. Распоредете ја рамномерно по целата површина. На крајот, прелејте со преостанатото стопено чоколадо, внимателно израмнете го со шпатула за да биде површината мазна.

Ладење – Ставете го десертот во фрижидер и оставете го да се лади најмалку 2-3 часа или додека се стврдне целосно.

Послужување – Откако десертот ќе се стегне, внимателно извадете го од калапот и исечкајте го на коцки или на парчиња по желба. Дубаи чоколадото е совршен десерт за секоја пригода, а неговиот луксузен вкус ќе ве одведе на Блискиот Исток!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons