Затворени маркети поради непочитување на намалените цени: Пломби од инспекторатот во Скопје и Струга
Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, вечерва информира дека се затворени првите маркети кои не се придржувале на владината одлука да се намалат цените за 10 отсто на 25 категории на производи.
Според информациите на Трајковски, станува збор за ланец маркети во неколку скопски населби, како и во Струга.
„Во повеќе наврати напоменав дека секој мора да ги почитува законите и Одуките на Владата. Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда граѓаните – потрошувачите!
Денес казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Скопје (Чаир, Тафталиџе, Кисела Вода и Бутел) и Струга.
Апелирам, до сите трговци, дека нема да има компромис ниту селекција во постапувањето на пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните!“, информира Трајковски.