МакедонијаНајново

Започнува реновирањето на Ургетниот центар: Прочитајте каде ќе се праќаат итните случаи од Скопје, а каде од другите градови

Подготвителните активности за реконструкција на Ургентниот центар и новиот начин на функционирање беа повод за денешната посета на министерот за здравство, Беким Сали на Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

-Заедно со директорот, д-р Александар Трајановски направивме обиколка на просторот, каде е направено соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патеката на движење на возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија.

Во периодот на реновирање, пациентите со итна патологија се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, кој времено се преадаптира во Ургентен центар, информира Сали.

Согласно планот предвидено е во случај на зголемен број пациенти, за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести Свети Наум Охридски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons