Македонија

Заменик-министерката Зеколи Шаќири бара правда за прегазениот сопруг, осудениот добил само 7 месеци казна затвор

Заменик-министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, денес на прес-конференција побара правда за сообраќајната несреќа на скопската обиколница кај Радишани, во која пред три години нејзиниот сопруг, велосипедистот Арбер Шаќири, го загуби животот.

„Стојам пред вас со врзани раце, законот не ми дава право на жалба, но обвинителството има“, порача низ солзи Зеколи, истакнувајќи дека е шокирана од казната од седум месеци затвор изречена на сторителот. Според закон, според нејзиното објаснување, казната требало да изнесува од една до пет години, а таа бара правда за сопругот и за семејството кое секојдневно живее со болката од трагичната случка.

„Јас сум тука да го потсетам светот на еден човек што не може да зборува за себе, тука сум за моите деца, кога ќе прашаат кој понесе одговорност за загубата на нивниот татко. Јас сум тука за родителите на Арбр кои секојдневно живеат со неизмерлива болка. Денес сум искрена, скршена и со единствена надеж дека овој јавен апел нема да падне на глуви уши. Барам правда за Арбр, барам одговорност, барам одлука што ја вреднува човековата вредност на животот што беше неоправдано одземен“, порача Зеколи Шаќири.

Прес-конференцијата ја означи повторната борба на семејството за правдата и потенцираше дека случајот останува отворено прашање на одговорност и санкции за сторителот, како и за вреднување на животот и безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons