МакедонијаНајново

Забрани за движење на повеќе патишта поради врнежи од снег

Поради обилни врнежи од снег, денес се воведени повеќе забрани за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци низ државата.

Од 15:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот, ваква забрана е воведена и на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, а од 17:00 часот и на делницата Ресен – Охрид преку превојот Буково.

Дополнително, од 18:00 часот на патот Тетово – Попова Шапка е воведена задолжителна употреба на зимска опрема, односно ланци, за сите видови на возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons