Забранети 53 нелегални приредувачи на игри на среќа
По напорна работа последните 6 месеци, стапи на сила првиот налог за забрана на нелегалните приредувачи на игри на среќа online. Забранети се 53 приредувачи кои никогаш не аплицирале и не добиле лиценца за работа, а со тоа вршеле кривично дело, не уплаќале данок, бесправно ги приходувале средствата на граѓаните и ги користеле нивните податоци, велат од министерството за дигитална трансформација.
„Листата од првиот налог е достапна на веб страницата на Министерството, а во наредниот период подготвуваме втор налог.
Продолжуваме понатаму и апелираме на сите граѓани кои имаат свои средства на некоја од овие нелегални платформи директно да ги контактираат за да побараат нивен поврат“, велат од министерството.