Забавен предизвик: Можете ли да ги пронајдете сите шест елени на фотографијата
На „Редит“ се појави фотографија која на прв поглед изгледа како обичен шумски пејзаж со дрвја и елени кои слободно шетаат.
Сепак, на фотографијата се кријат шест елени, а тежината лежи во тоа да ги пронајдете сите.
Додека некои со леснотија ги забележаа сите шест елени и се пофалија со тоа во коментарите под објавата, многумина беа целосно збунети.
„Има два за кои се помачив, другите четири се сосема очигледни“, „Ова е лесно, многу малку се трудев“, „Давајте уште вакви задачи“, беа дел од коментарите.
„Го најдов седмиот, како е тоа можно? Да, сепак, тоа е само лисја”, се пошегувал еден корисник на „Редит“.
Ако сте еден од оние кои немале среќа да ги пронајдат последните два елени, еве го решението.