Жесток судир со навивачите на Хајдук во Хрватска: Полицијата употреби огнено оружје
На автопатот помеѓу Загреб и Карловац во текот на ноќта дојде до големи нереди и судир помеѓу хрватската полицијата и навивачите на Хајдук, популарната „Торцида“ при што било употребено огнено оружје.
Според хрватските медиуми, во нередине учествувале неколку стотици навивачи и полицајци ,а ранети биле две лица откако полицијата употребила огнено оружје за да ја смири ситуацијата.
Притоа биле повредени и десетина полицајци, пренесуваат медиумите во Хрватска.
Хрватската полиција соопшти дека за време на организираното следење на 1.600 навивачи на Хајдук кои во Загреб пристигнале со автобуси, комбиња и со сопствени автомобили за да присуствуваат на дерби средбата против Динамо Загреб, при враќањето за Сплит, самоиницијативно застанале да автопатот А1 кој одморaлиштето „Десинец“ и со тоа го блокирале автопатот кон Карловац.
Притоа, тие се оглушиле на предупредувањата и наредбите на полицијата по што неколку стотици навивачи ги нападнале полицајците. Полицијата возратила употребивајќи и огнено оружје по што две лица биле ранети.