Железници плати половина од милионскиот долг за струја кон ЕВН
Околу 3,3 милиони евра, или поточно двесте милиони денари се префрлени на јавното претпријатие Железници – Транспорт, за да може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на електричната енергија.
Парите се префрлени од буџетот кај Министерството за транспорт и врски, потврди министерот Благој Бочварски.
Одлуката синоќа била изгласана во Собранието со прераспределба на средства за буџетските корисници. МЖ Транспорт имаат вкупен долг од шест милиони евра за електрична енергија.
Додаде дека само во текот на оваа година дадени се преку 12 милиони евра поддршка на македонски Железници и Транспорт како субвенции, бидејќи ова претпријатие меѓудругото пренесува и енергенси.



