Железницата повторно во проблем, укинат еден од двата воза за Гевгелија
Укинат е патничкиот воз наутро поаѓаше од Скопје за Гегвелија, а попладне се враќаше. Ваква одлука е донесена минатата недела на 27март каде е објавена на веб страната на АД МЖ Транспорт без посебно објаснување зошто оваа линија се укинува. Нема ниту известување дали и кога повторно би била во функција.
„ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација Скопје – Гевгелија – Скопје дека од ден 27 март, до следно известување нема да сообраќаат патничкиот воз бр. 611 кој поаѓа од Скопје во 06.23 часот и воз бр. 632 кој поаѓа од Гевгелија во 17.02 часот“, пишува во соопштението.
За Гевгелија останува да вози единствениот патничкиот воз кој од Скопје тргнува во 16.55 а од Гевгелија во 4.40 часот. На оваа релација сообраќаа два пара патнички возови, и двата електрични