Свет

ЕУ се „чисти“ од дизел возилата, за 45 пати зголемен бројот на електричните

Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за 60%.

Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат.

Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за 60%.

Огромен раст од 45 пати бележат електричните возила. Во 2014 година нивниот број бил само 0,3 отсто од регистрираните возила во ЕУ, додека во 2024 е зголемен на 13,9 проценти.

Раст од 13 отсто има и кај возилата што користат други алтернативни горива – течен нафтен гас, природен гас, водород и горивни ќелии, биоетанол, биодизел, биогориво и друго. (МИА)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons